Системите за контрола на пристап овозможуваат сигурно и ефикасно управување со влезот и излезот на лица во деловни, станбени, индустриски и други објекти. Со современи технологии за идентификација, пристапот може да се контролира преку картички, PIN кодови, отпечаток од прст и препознавање лице.
Во нашата понуда ќе најдете читачи и терминали за контрола на пристап, контролери, електрични брави, електромагнети, копчиња за излез, напојувања и дополнителна опрема за различни типови инсталации.
Device Security нуди професионални системи за контрола на пристап во Македонија, со избор на соодветна опрема, монтажа, програмирање, конфигурација и интеграција со други безбедносни системи.