Прецизна евиденција. Автоматска обработка. Јасни извештаи.
Сè што ви е потребно за прецизна евиденција на работното време
Присуство и работно време
Работа во смени
Паузи и излегувања
Автоматска обработка
Дневни и месечни извештаи
Јасен преглед на присуство, работни часови и отстапувања по вработен и период.
Празници и отсуства
Евиденцијата ги зема предвид празниците, неработните денови и дефинираните отсуства.
Хардвер и сопствен софтвер обединети во еден систем
Сопствен софтвер
Развиен за практична примена во различни типови компании.
Автоматска пресметка
Регистрациите се обработуваат според зададените смени и правила.
Јасни извештаи
Дневен и месечен преглед по вработен и период.
Прилагодлива конфигурација
Системот се подесува според организацијата и начинот на работа.
КАКО ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ
Од терминал до целосно подготвен систем за евиденција
Целото решение го подготвуваме за практична употреба — од инсталација на опремата и софтверот, до конфигурација и обука на персоналот.
Инсталација на терминал за евиденција
Поставување и конфигурација на терминалот за регистрација на вработените, според условите и организацијата на објектот.
Инсталација на македонски софтвер
Инсталација и подесување на сопствен софтвер на македонски јазик за автоматска обработка и преглед на евиденцијата.
Обука на одговорниот персонал
Практична обука за HR, администрација или друго овластено лице за секојдневно користење, контрола и подготовка на извештаи.
Флексибилна обработка на работното време
Евиденција на почеток и крај на работното време, паузи, службени и приватни излегувања, боледувања, годишни одмори, празници, неработни денови и работа во повеќе смени, вклучувајќи трета смена.
Развој во насока на cloud пристап и централизирано управување
Системот може да се реализира како локално решение во инфраструктурата на клиентот или со cloud пристап, во зависност од потребите и начинот на работа. Cloud варијантата овозможува пристап до системот од различни локации и пофлексибилно централизирано управување со евиденцијата.
Потребен ви е систем за евиденција на работно време?
Ќе ви предложиме решение според бројот на вработени, организацијата на работата и потребите на вашата компанија — од избор и инсталација на терминалот, до конфигурација на софтверот и обука на персоналот.